Дербито на стартот од Евролигата и припадна на Барселона

epa08713859 FC Barcelona's Nikola Mirotic (R) in action against CSKA's Tornike 'Toko' Shengelia (L) during the Euroleague basketball game between FC Barcelona Lassa and CSKA Moscow at Palau Blaugrana in Barcelona, Catalonia, Spain, 01 October 2020. EPA-EFE/Enric Fontcuberta

На стартот од новата сезона во Евролигата, кошаркарите на Барселона славеа во дербито на колото против ЦСКА Москва со 76:66.

Најзаслужни за победата на Барселона се Никола Миротиќ и Брендон Дејвис кои заедно постигнаа 35 поени и не дозволија рускиот тим во последната четвртина да се врати во игра.
Барселона во текот на целиот натпревар го имаше водстовото, но ЦСКА Москва со серија од 11:2 во последната четвртина дојде на само два поени негатива (57:55), но каталонците одговрија со своја серија од 8:0 и ги решија дилемите околу победникот.
Најголемото изненадување на стартот од новата сезона го приреди рускиот Зенит кој во Истанбул го победи фаворитот за трофејот, Ефес со 69:73. Во победата на Зенит блескаше Пангос кој постигна 23 поени, а одлича поддршка имаше во Риверс кој даде 14 поени.

Резултати:
Анадолу Ефес – Зенит 69:73
Олимпијакос – Жалгирис 67:68
Макаби – Алба Берлин 80:73
Барселона – ЦСКА Москва 76:66
Валенсија – Лион-Вилербан 65:63

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот