Дербито на отворањето на Евролигата му припадна на Реал Мадрид

twitter/euroleague

Реал Мадрид и Фенербахче со меѓусебната дерби пресметка го одбележаа стартот на новата сезона во Евролигата. На крајот во неизвeсна завршница славеше со 81:77 славеше Реал Мадрид.

„Кралевите“ водеа во текот на целиот натпревар, дури имаа и предност од 12 поени на стартот од последната четвртина, но кошаркарите на Фенербахче успеаја да се вратат во игра и да влезат во неизвесна завршница.

Во самиот финиш, поприсебни беа домашните кошаркари и дојдоа до значајна победа во дерби пресметката. Факундо Кампацо со 14 поени и осум асистенции, додека Тејлор запиша 19 поени беа најсрасположени за игра. Кај Фенербахче најдобри беа засилувањата, Нандо де Коло со 22 поени и Дерик Вилијамс со 19 поени.

Големи возбудувања имаше и во Атина каде Панатинаикос ја совлада Црвена звезда со 87:82. Грчкиот тим победата ја најави во третата четвртина која ја доби во своја корист со 29:18.

Српскиот тим се обиде да се врати во игра во четвртата четвртина и во последната четвртина успеаја да дојдат до негатива од пет поени, но немаа сила за целосен пресврт. Ник Калатес со 21 поен беше прво име кај Панатинаикос, додека кај Црвена звезда, Џејмс Гист беше прво име со 22 поени.

Резултати: Химки – Макаби 89:83, Панатинаикос – Црвена звезда 87:82, Баерн – Милано 78:64, Реал Мадрид – Фенербахче 81:77.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот