Дербито на Манчестер им припадна на „црвените ѓаволи“! (ВИДЕО)

фото: твитер

После овој триумф, Јунајтед му направи „услуга“ на Ливерпул кој е многу блиску до освојување на шампионската титула во Премиер лигата оваа сезона.

Денеска во градското дерби одиграно на „Олд Трафорд“, екипата на Манчестер јунајтед триумфираше со 2:0 против Манчестер сити.

На тој начин „црвените ѓаволи“ му направија „услуга“ на Ливерпул кој е многу блиску до освојување на шампионската титула во Премиер лигата оваа сезона.

Моментно на табелата водат Редси со 82 бодови, пред Манчестер сити со 57, додека Манчестер јунајтед е на петтата позиција со 45.

Првиот гол за Јунајтед го реализираше францускиот интернационалец Марсијал после асистенцијата на Португалецот Фернадеш после половина час игра.

Конечниот епилог беше поставен во самиот финиш од средбата, голманот на „граѓаните“, Едерсон направи грешка, МекТоминеј ја искористи шансата и ја испрати топката во мрежата (90+6`).

Претходно Челзи на домашен терен на стадионот „Стемфорд Бриџ“ убедливо го совлада составот на Евертон (4:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот