Дербито на Истокот му припадна на Бостон, Бруклин ќе игра во плеј-оф (ВИДЕО)
Бруклин нетс со 119:106 го совладаа Сакраменто кингс и си го заверија пласманот во плеј-офот.
На Сакраменто не му помоггна ниту одличната игра на Бојан Богдановиќ кој постигна 27 поени, но кошаркарите на Бруклин имаа неверојатна шутерска вечер, погодија речиси 50% од своите шутеви и немаа никакви проблеми за да дојдат до победата која им го завери учеството во плеј-фот. Бруклин нетс иако игра без двете најголеми ѕвезди, повредените Кевин Дурент и Кајри Ирвинг, има скор од 33:36 и моментно се наоѓа на седмото место во Источната конференција.
Карис Леверт постигна 22 поени додека Џо Херис даде еден поен помалку во победата над „кралевите“ кои ги загубија шансија за пласман во плеј-офот.
Во дербито на вечерта немаше премногу возбудувања, Бостон селтикс му одржа лекција на шампионот Торонто репторс совладувајќи го со 122:100 во натпревар во кој постојано водеше најтрофејниот тим во НБА.
Најдобар во редовите на Бостон беше Џејлен Браун со 20 поени, Џејдон Тејтум даде 18, додека Кемба Вокер уфрли 17 поени. Колку шампионот одигра очајно најдобар показателен и тоа што најефикасниот играч Фред Ванфлит даде само 13 поени.
И покрај поразот Торонто остана на второто место во Источната конференција со скор 49:19, додека Бостон е трет со 46 победи и 23 порази.
Резултати:
Јута – Сан Антонио 111:119
Мемфис – Оклахома 121:92
Бруклин – Сакраменто 119:106
Бостон – Торонто 122:100
Вашингтон – Њу Орлеанс 107:118
Орландо – Филаделфија 101:108