Дербито е во Лондон, амбициозниот Челси против шампионот Ливерпул! (ВИДЕО)

фото: твитер

Само што започна новата сезона во Премиер лигата, а веќе во второто коло имаме голема пресметка во која на „Стемфорд Бриџ“, Челси од 17.30 часот денеска ќе ги одмери силите против бранителот на титулата, Ливерпул.

Лондонските „сини“ на Френк Лампард со стартниот триумф над Брајтон (1:3) покажуваат дека има високи амбиции сезонава, а шампионите предводени од Јирген Клоп нешто потешко од очекувањата налетаа на незгодниот Лидс славејќи со резултат 4:3.

И двете екипи пред дерби натпреварот имаат проблеми со повредени играчи, кај Челси ќе недостасува Хаким Зијеш поради повреда на колено, а во иста ситуација е и фудбалерот на „црвените“ од Енфилд, Алекс-Окслејд Чемберлејн.

Под знак прашање кај домаќините е настапот на Кристијан Пулишиќ, како и засилувањата Бен Чилвел и Тијаго Силва, а на спротивната страна Џердан Шаќири.

Годинава двапати се сретнаа, како дел од минатата сезона во јули Ливерпул со 5:3 триумфираше во Премиер лигата, а во март во ФА купот Челси славеше со 2:0.

Сезона 2020/21
Премиер лига, 2. коло

Недела (20 септември) –
13.30 часот Саутемптон-Тотенхем
15.00 часот Њукасл-Брајтон
17.30 часот Челси-Ливерпул
20.00 часот Лестер-Барнли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот