Дербито е Кил – ПСЖ: Познати четвртфиналните парови во ЕХФ Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

После првиот натпревар од осминафиналната фаза во кој славеше со 36:23, екипата на Веспрем во унгарската пресметка по вторпат го совлада Пик Сегед со 38:33.

Од претходно беше познато дека во четвртфиналето на ЕХФ Лигата на шампионите еден претставник сигурно ќе има и Данска.

По првите 60 минута Алборг стекна предност од само „плус два“ (30:28), но оваа негатива успеа да ја анулира ГОГ кој триумфираше со 32:24.

Познати се сите четвртфинални парови во ЛШ, првите мечеви ќе се играат на 10/11 мај, а реванш дуелите на 17/18 мај.

Победниците ќе се пласираат на Фајнал-фор турнирот кој ќе се организиран во „Ланксес“ арената во Келн, на 17 и 18 јуни 2023 година.

Сезона 2022/2023
ЕХФ Лига на шампиони

Четвртфинале, двојки –

Кил (Германија) – ПСЖ (Франција)
ГОГ (Данска) – Барселона (Шпанија)
Висла Плоцк (Полска) – Магдебург (Германија)
Веспрем (Унгарија) – Кјелце (Полска)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот