Дербито без победник, Шкендија ја зголеми предноста

Дерби натпреварот од 27. коло на Првата македонска фудбалска лига помеѓу Вардар и Академија Пандев заврши без победник (1:1). Голот вреден бод за Академија Пандев го постигна Дориев во 85. минута откако претходно Вардар преку Аврамовски во 28. минута го овори резултатот.

Овој исход нјмногу му одговара на лидерот Шкендија, која во тетовското дерби со 2:1 ја совлада Ренова и ја зголеми предноста на табелата на 12 бодови пред второпласираниот Вардар. Бејтулаи и Радевски беа стрелци за лидерот на табелата, додека Садики го постигна голот за Ренова.

Работнички иако губеше со 1:0 по првиот дел против Шкупи, во второто полувреме за две минути направи целосен пресврт. Пеев и Илијоски во 55. и 57. минута беа стрелци на головите.
Македонија ЃП без никакви проблеми со 3:0 ја совлада Победа, а Силекс како гостин со голот на Додев триумфираше во дуелот со Беласица.

Резултати 27 коло:
Беласица – Силекс 0:1
Македонија ЃП – Победа 3:0
Шкендија – Ренова 2:1
Шкупи – Работнички 1:2
Вардар – Академија Пандев 1:1.

Табела:
1. Шкендија 62 бода, Вардар 50, Академија Пандев 46, Ренова 36, Работнички 36, Македонија ЃП 34, Шкупи 33, Силекс 28, Беласица 23, Победа 19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот