Дербито без голови, Работнички славеше во Тетово

Вардар и Шкендија одиграа 0:0 во големото дерби на 28. коло во Првата фудбалска лига. Во четвртата меѓусебна пресметка сезонава, Шкендија остана непоразена, има две победи и два нерешени исходи и направи голем исчекор кон освојување на шампионската титула која би била трета во клупската историја.

Шкендија и по 28. коло ја задржа предноста од 12 бодови пред Вардар и во последните осум кола треба да освои 12 бодови за одбрана на титулата.
Во првото полувреме подобра игра прикажа Шкендија, додека вториот дел им припадна на „вардарци“ но Попзлатанов и Лира не успеаја да ја затресат мрежата на Шкендија.

Во втората дерби пресметка, Работнички како гостин ја совлада Ренова со 2:1 и ја мина на табелата во трката за четвртата позиција и пласманот во квалификациите за Лигата на Европа. Вијачки (63 минута) и Пеев (76) беа стрелци за „романтичарите“, а голот на Ренова беше дело на Адем (74).
Македонија ЃП и Адакемија Пандев ремизираа играјќи 1:1 како предигра пред нивната пресметка во финалето на Купот на Македонија.

Резултати:
Вардар – Шкендија 0:0
Ренова – Работнички 1:2
Македонија ЃП – Академија Пандев 1:1
Шкупи –Силекс 2:1
Беласица – Победа 1:1

Табела:
1. Шкендија 63
2. Вардар 51
3. Академија Пандев 47
4. Работнички 39
5. Ренова 36
6. Шкупи 36
7. Македонија ЃП 35
8. Силекс 28
9. Беласица 24
10. Победа 20

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот