Дерби во СЕХА: Вардар го пречекува Мотор Запорожје!

seha-liga

Вардар во новото коло од регионалната СЕХА Газпром лига ќе го пречека тимот на Мотор Запорожје. Дуелот со тимот од Украина ќе се игра денеска во Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје од 20.15 часот.

Оваа средба ќе покаже кој тим ќе се одлепи на врвот на табелата, двете екипи имаат по 15 бодови од досега одиграни шест кола.

Овие две екипи ќе го играат третиот меѓусебен натпревар оваа сезона, „црвено-црните“ веќе двапати гостуваа во Запорожје, еднаш поразени во СЕХА, а триумфираа на дуел од Лигата на шампионите.

– Двете екипи нема да бидат комплетни, ниту Мотор Запорожје нема да дојде со својот најсилен состав во Скопје. После тешкиот дуел со Киелце одмор ќе добијат некои од играчите, но тоа не значи дека нема да дадеме максимум. Нашата цел е јасна на секој дуел, тоа се бодовите и победата – вели тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров.

И противникот потврди дека во главниот град доаѓа во подмладен состав и се надева на позитивен резултат.

– Веќе двапати игравме против Вардар. Успеавме да ги совладаме во СЕХА, но загубивме во ЛШ Денеска ќе се обидеме да се реваншираме иако доаѓаме во подмладен состав и воедно се зацврстиме на првото место во групата „А“ – се зборовите на играчот на Мотор Запорожје, Едуард Кравченко.

СЕХА Газпром лига

Денеска, 20.15 часот
Вардар-Мотор Запорожје

Табела (Група „А“) –

1.Мотор Запорожје 15 бодови
2.Вардар 15
3.Татран Прешов 12
4.Војводина 12
5.Нексе 6
6.Пекинг Унив. 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот