Дерала за УБ: Присуството на валканата пропаганда и говорот на омраза секојдневно растат

– Очигледно е дека говорот на омраза, но и другите форми на валкана и црна пропаганда се многу присутни и нивното присуство секојдневно расте. Нивната софистицираност од сезона во сезона се продлабочува, се гледа дека се вложува многу труд, многу повеќе пари. Во тоа може да се каже дека лажните вести, дезинформациите, манипулациите, спиновите исто така се еден голем и сериозен дел од целата таа црна пропаганда која се води и сметам дека тоа е резултат на недостаток на вистински политички програми и идеи, изјави за Утрински брифинг на „Слободен печат“ првиот човек на невладината Цивил, Џабир Дерала.

Дерала вели дека во нашата земја најголемите зафати се прават преку политички партии и не може да се прифати фактот дека тоа неколку групи го прават. Тоа може да го прават сериозни групи кои се организирани како политички партии, кои располагаат со многу пари и ресурси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот