Дерала и Муслиу за предвремените парламентарни избори (ВИДЕО)

Наназад, со години може да кажеме дека се мачиме со нерегуларностите. Грешките се на системско ниво а тоа произлегува од едно „швајцарско сирење“ на изборниот законик, изјави во гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ првиот човек на Цивил, Џабир Дерала, анализирајќи го вчерашниот изборен ден.

Дерала подвлекува дека Цивил забележал неколку нерегуларности, меѓу кои обид за „бугарски воз“ и сликање на гласачко ливче.

-На овие избори видовме дека скокна цената на гласот – од 2000 денари па нагоре. Поткупот е се уште очигледен кај социјално загрозените и ранливи семејства. Притисокот, социјален, политички па и правен е посилен врз овие лица. На ова нешто мора да поработиме во иднина, смета Дерала, кој додава дека забележливо е намалувањето на изборните нерегуларности споредено со претходните изборни циклуси.

-Земјата е влезена во процеси во која и ДУИ учествуваше. Зборувам пред се за евро-процесите. ЕУ интеграциите ќе му дадат простор на Заев да ја состави владата, а не Али Ахмети.

Анализиријќи ги резултатите од изборите политичкиот аналитичар Алберт Муслиу изјави дека и претходно било јасно дека ова ќе бидат неизвесни избори.

-Разликата е онаа која што ја предвидувавме и пред изборите. Финалните бројки се оние кои ќе кажат кои комбинаторики ќе треба да се направат. Како општество добро ги изработивме изборите. Беше дисциплинирано со запазување на мерките и препораките. Сите треба да бидеме горди на тоа, вели Муслиу.

-Тешко е да се остави ДУИ во опозиција со освоени 15 пратеници. Тоа би било и политички проблематично. Ако разликата помеѓу ДУИ и Алијанска се намали, односно разликата да е еден или двајца пратеници тоа би било можно.

Говорејќи околу идната коалиција Муслиу вели дека и самиот Ахмети во неколку наврати изјави дека повеќе ги преферира СДСМ како партнер заради континуитет на започнатите реформи.

-Комоцијата на политичко однесување на ДУИ сериозно ќе се намали во моменти кога имаат сериозна опозиција која ви „дише во врат“.

-Овој резултат ги потврдува ставовите и од референдумот дека во Македонија мнозинството е за Преспанскиот договор и логиката дека повеќето се против веќе не држи, смета Муслиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот