Дер Шпигел: Наставници од ризични групи барале да не одат во училиштата, но биле одбиени

Германија итно бара половина милион негуватели и воспитувачи на деца/Фото: EPA-EFE

Германскиот весник открива дека наставници поднеле 2000 барања, од кои, како што може да се види, само 100 биле решени позитивно, а сите други (1900) биле одбиени.

Голем број од наставниците во Германија, кои спаѓаат во ризични здравствени групи, побарале да бидат поштедени од работа во училиштата, но биле одбиени, објави порталот на германскиот угледен неделен весник „Дер Шпигел”.

На приказната работеле четворица новинари, кои утврдиле дека во многу германски покраини од почетокот на новата школска година наставата во училиштата ќе мора да држат многу наставници кои во втората половина од изминатата училишна година можеа да работат од дома.

„Во Шлесвиг-Холстеин , според податоците на Министерството за образование, од далечина можат да работат само 100 од околу 28.000 наставници, што значи дека станува збор за 0,4 отсто”, посочува весникот.

Новинарите објаснуваат дека локалната министерка за образование Карин Приен од редовите на ЦДУ, се најде на удар на критики на јавноста поради тоа што ги принудува наставниците да одат на работа во училиште, со цел да одржат часови, дури и кога ќе достават медицинска документација.

Дер Шпигел го користи терминот „принуда” поради логиката на бројките; наставници поднеле 2000 барања, од кои, како што може да се види, само 100 биле решени позитивно, а сите други (1900) биле одбиени.

Во написот објаснува дека во неколку германски покраини, надлежните агенции кои водат образование, одбиле да ги признаат медицинските белешки што наставниците ги добиле од нивните лекари, со цел да им се дозволи да работат од далечина. Наместо тоа бараат наставниците да донесат потврда од специјалист по медицина на труд.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот