Депресијата ги напаѓа фудбалерите во карантин

твитер

Повеќе од 10 проценти од професионалните фудбалери изјавиле дека имале симптоми на депресија откако се прекинати натпреварувањата поради пандемијата на коронавирусот, објави уијата на професионални фудбалери (ФИФПро).

Во остражувањето на ФИФПро кое е извршено од 22 март до 14 април учествувале 1.134 професионални фудбалери и 469 фудбалерки од Англија, Франција, Швајцарија, Јужна Африка и САД. Од нив дури 22% од анкетираните фудбалери и 13% од фудбалерките пријавиле симптоми на депресија.

Процентот на оние кои пријавиле симптоми е многу поголем од оние кои се загрижени за својата иднина во фудбалот. Но, доколку би ги ставиле под притисок да се вратат во опкружувањето во кое би почувствувале дека е загрозена нивната безбедност, бројките драстично ќе се променат“, објави ФИФПро кој истражувањето го направи во соработка со универзитетската болница во Амстердам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот