Депортираната чешка тенисерка ќе бара финансиска компензација од организаторот

Рената Ворачова ја снајде истата судбина како и Новак Ѓоковиќ/фото: EPA/MARIO CRUZ

Чешката тенисерка, Рената Ворачова која е депортирана од Австралија бидејќи властите и ја укинаа визатата која ја доби со медицинско изземање, не му се лути на Новак Ѓоковиќ и најави дека ќе бара финансиска компензација.

Откако настана хаосот околу Новак Ѓоковиќ и неговото укинување на австралиската виза која ја доби со медицинско изземање, власите и ја укинаа визата и на Ворачова, но таа правдата не ја бараше на суд како српскиот тенисер, туку се врати во Чешка.

– Тоа е добро, не само за него. Се надевам дека Новак ќе игра на Австралија Опен. Затоа и отидовме таму, да играме тенис, а не да бидеме дел од некои внатрешни игри. Бев во Австралија една недела и откако пристигна Новак се се смени. Само сум тажна поради се што се случи. Ова е еден од најголемите тениски турнири. Не можам да замислам дека вакво нешто е можено да се случи во Австралија во 21 век. Големо олеснување е што сега сум дома. Не се чувствував добро, не можем да спијам ниту да јадам многу  – изјави Ворачова.

Чешката тенисерка најави дека ќе бара финансиска компензација од Тениската федерација на Австралија поради депортирањето.
– Еден авионски билет ме чинеше 2.500 евра, а со мене патуваше и тренерот. Потоа тука се и хотелско сместување, тренинзите, потенцијалната заработка од наградниот фонд… Се надевам дека тениската федерација ќе го земе во предвид сево ова и нема да мора да се преземаат правни чекори – вели Ворачова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот