ДЕПОНИИ: Градоначалниците се вадат на граѓаните, Заев удри по општинарите

Граѓаните преку социјалните мрежи се обединија во лоцирање на дивите депонии, а дел од прикажаните локации ги сними и екипата на „Слободен печат“, во обид да ги мотивираме надлежните да се фатат за работа и да почнат да ги расчистуваат најкритичните точки во градот.

Сепак, и покрај тоа, сликата со денови останува непроменета, а депониите останаа недопрени од комуналните работници. Зошто овој проблем не го добива потребното внимание и ангажман, го прашавме градоначалникот на општина Гази Баба и претседател на Скопски плански регион, Борис Георгиевски. Тој денеска на отворањето на инклузивното игралиште во Влае, повика на поголема еколошка свест кај населението.

– Општините не можат да го решат проблемот со создавањето диви депонии, ако во решавањето на овој проблем не се вклучат и граѓаните. Секторот за инспекциски надзор на Град Скопје во соработка со општинските комунални инспектори започна акција за лоцирање на дивите депонии, и санкционирање на прекршителите. Дополнително, во иднина, според новиот закон за градба, секој инвеститор мора да гарантира дека градежниот шут соодветно ќе го депонира, во депонијата Дрисла – рече Георгиевски.

Од друга страна пак, премиерот Зоран Заев, одговорноста за создавањето на дивите депонии ја бара директно во општините и инспекциските служби.

– Создавањето диви депонии е неодговорност на институциите кои мора тоа да го контролираат, градоначалниците се најмногу надлежни, но тука се и инспекциите, пред се комуналните инспекции. Но, ние граѓаните на крајот на денот треба да го депонираме ѓубрето во кантите за смет, за тие што го креваат ѓубрето да може да го однесат на определените депонии за смет – рече Заев одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на „Граматиката на современиот ромки јазик”.

Заев: Дивите депонии се неодговорност на институциите, градоначалниците и инспекциите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот