Депардје по обвинувањето за силување се брани: Нема доказ, јас сум невин и немам од што да се плашам

Profimedia
Фото: Профимедиа

Во интервју за „Ла Република”, францускиот актер Жерар Депардје целосно ги негира обвинувањата за силување, јави дописникот на МИА.

Ова е првпат тој јавно да зборува откако беше обвинет во декември. Жерар Депардје избра да одговори на прашањата на италијанскиот дневен весник „Ла Република” и да одговори на обвинувањата изнесени против него од страна на млада актерка која поднесе тужба за силување.

EPA-EFE
EPA-EFE / CARLOTA CIUDAD

Нема доказ, нема ништо против мене и затоа сум многу спокоен. Можам само да ги отфрлам што е можно појасно, како што е веќе сторено пред истражителите, сите обвинувања“, објаснува актерот.

Тој објаснува дека има „чувство на тага и збунетост пред тотално неоснована приказна“ и не го разбира „медиумското внимание предизвикано од истрагата“ што тој ја смета за „затворена“.

За мене, истрагата беше затворена поради недостаток на докази. На суд ќе ја потврдам својата невиност. Јас сум невин и нема од што да се плашам“, додава актерот прецизирајќи дека „на 10 март” има средба со истражните органи.

EPA-EFE
EPA-EFE/KAY NIETFELD

Патем, актерот зборува за „ера во која доминира постојан и безмилосен проток на информации што се истураат на мрежата“.

Како да живееме постојано со слушалки кои емитуваат лоши вести и честопати лажни или пристрасни информации. Го мразам сето тоа“, објаснува тој.

72-годишниот Жерар Депардје беше обвинет на 16 декември за „силување” и „сексуален напад”, кој тој, наводно, го извршил летото 2018 година врз млада актерка, што тој го негира, беше објавено во вторникот во француските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот