Депај за три милиони евра од Барса во Атлетико Мадрид

фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Долг период Атлетико Мадрид ја следеше ситуацијата со Мемфис Депај и на крајот успеа да се договори со Барселона.

Холандскиот репрезенатативец својата професионална кариера ќе ја продолжи во главниот град на Шпанија, во еден од најголемите ривали на каталонскиот клуб.

Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, за сума од околу три-четири милиони евра Депај ќе го облече дресот на „јорганџиите“, а наскоро треба да бидат реализирани и лекарските прегледи.

Холанѓанецот ќе потпиша договор со Атлетико Мадрид кој ќе трае до јуни 2028 година.

Сезонава за Барселона имаше само два настапи во „Ла Лига“ и постигна еден гол. Во шампионатот составот на Диего Симеоне се бори за местата кои водат во Лигата на шампионите. Моментно клубот од „Ванда Метрополитано“ има 28 бодови на четвртата позиција, а ист број на бодови имаат и Виљареал и Бетис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот