Депај не се кае што дојде во Барселона

фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај вели дека не жали што изминатото лето дојде во Барселона и смета дека ситуацијата во која се наоѓа каталонскиот тим наскоро ќе се промени на подобро.

Барселона во новата сезона бележи слаби резултати, а играта е далеку од таа што ја очекуваат навивачите, клубот моментно се наоѓа на деветтото место на табелата во Ла Лига со 12 бода од седум меча, додека во Лигата на шампионите забележа два порази од по 0:3 од Баерн Минхен и Бенфика.

Поради тоа, новинарите го прашаа Депај дали жали што потпиша за Барселона пред почетокот на сезоната.

– Како можете да ме прашате такво нешто? Зборуваме за Барселона, сите знаат колку е голем овој клуб и што значи да се игра за него. Никогаш нема да зажалам што дојдов на „Камп Ноу. На сите им е јасно дека ситуацијата моментно е тешка, сите се во паника бидејќи не се навикнати да ја гледаат Барселона во вакова ситуација. Но, јас не се грижам и сигурен сум дека работите ќе се сменат на подобро – изјави Депај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот