Депај е замената за Луис Суарез во Барселона!?

Фото: Твитер

Се шпекулира веќе еден и пол месеци, искусниот холандски напаѓач можно е наскоро да се пресели на „Камп Ноу“.

Последните информации велат дека Мемфис Депај токму на последниот ден од преодниот рок ќе биде промовиран како нов играч на Барселона. А тоа го потврди и директорот на досегашниот клуб на играчот, Лион, Жунињо Пернамбукано.

Се најавува дека Французите ќе добијат 25 милиони евра како обесштетување за Депај, кој уште одамна се договори околу лични услови.

Лион на тој начин ја исполни желбата на Депај да соработува со неговиот сонародник, тренерот на Барса, Роналд Куман, како што успешно тоа го правеше во холандската репрезентација.

Депај доаѓа во каталонскиот клуб како замена за Луис Суарез, Уругваецот кој реализираше трансфер во Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот