Денвер со серија 24:0 дојде до триумф над Орландо

твитер

Кошаркарите на Денвер дојдоа до 18. победа сезонава, а четврта во низа, благодарение на неверојатниот пресврт во второто полувреме. Орландо на полувремето имаше предност од 15 поени (45:60) која во третата четвртина се искачи на 19 поени (60:69). Но, тогаш започна неверојатната серија на кошаркарите на Денвер од 24:0 со која дојдоа до пресврт и триумф од 113:104.

Џамал Мареј беше најефикасен во редовите на Денвер со 33 поени, додека Никола Јокиќ имаше учинок од 18 поени и 12 скокови, а кај Орландо најдобар беше Никола Вучевиќ со 20 поени.

Оклахома во победата над Мемфис од 126:122 успеа да се врати од поголема негатива. Мемфис во третата четвртина имаше предност од 21 поен, но во последната четвртина со одлична игра успеа да се врати во живот и во последната минута од натпреварот со серија од 6:2 да дојде до голема победа. Денис Шрудер постигна 31 поен, додека кај Мемфис најпрецизен беше Јонас Валанчиунас со 24 поени.

По 13 порази во низа, Њу Орлеанс конечно успеа да слави, и тоа над Минесота со 107:99. Брендон Инграм даде 34 поени, додека на спротивната страна Ендрју Вигинс даде 27 поени.

Голден стејт продолжува да донесе се подлабоко. Нов пораз, сега од Портланд од 122-112. Демијан Лилард запиша 31 поен, МекКалум дополни со 30 поени во победата на домашните, а Робинсон на спротивната страна постигна 17 поени.

Резултати:
Кливленд – Шарлот 100:98
Детроит – Торонто 99:112
Филаделфија – Мајами 104:108
Вашингтон – Чикаго 109:110
Минаесота – Њу Орлеанс 99:107
Оклахома сити – Мемфис 126:122
Денвер – Орландо 113:104
Далас – Бостон 103:109
Портланд – Голден Стејт 122:112

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот