Денвер не се предава, Јокиќ и Мареј им пресудија на Лејкерси (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс славеа во третиот натпревар од финалето на Западната конференција против ЛА Лејкерс со 114:106.

Со овој триумф Денвер намали на 1:2 во победи во серијата, а јунаци на победата беа Никола Јокиќ, Џамал Мареј и Џереми Грант.

По неизвесната игра во првата четвртина, Денвер ја презеде контролата врз натпреварот и веќе во втората четвртина наметна свој ритам.

Кошаркарите на Лејкерс во неколку наврати се обидоа да се заканат и да ја вратат резултатската неизвесност, но Денвер успеваше да ги одбие сите напади.

На стартот од последната четвртина Денвер благодарение на Јокиќ, Мареј и Грант направи и 20 поени предност. Оваа негатива од 20 поени е најголема за Лејкерси во годинешниот плеј-оф.

Последниот обид на „езерцата“ да се вратат во игра беше со серијата од 16:2 во самиот финиш на натпреварот по која водството на Денвер се стопи на само три поени (98:95), но Џамал Мареј се погрижи да се врати неизвесноста во финалето на Западната конференција.

Прочитајте и...  Исени за прво место на Шкупи во Првата лига

Мареј беше најпрецизен кај победничкиот тим со 28 поени и 12 асистенции, Џереми Грант постигна 26 додека Јокиќ имаше 22 поени 10 скокови. Во редовите на Лејкерс, Леброн Џејмс имаше трипл-дабл од 30 поени, 11 асистенции и 10 скокови, а јунакот од вториот натревар Ентони Дејвид уфрли 27 поени.

Четвртиот натпревар од финалето на Западот се игра во ноќта помеѓу четврток и петок.

Поврзани вести

Мото ГП: Триумф на Морбидели, борбата за титулата станува се понеизвесна

Слободен печат

Берлускони го враќа фудбалерот од пензија кој сега е милијардер

Слободен печат

Тотенхем ќе купува на „Камп Ноу“, а му нуди милиони на Сон за нов договор

Слободен печат

Клоп пресече, ќе носи дефанзивец од Бундеслигата

Слободен печат

Со Хабиб во историјата си замина и дагестанската капа

Слободен печат

Поранешниот претседател на Реал Мадрид открива дека долгот на „кралевите“ изнесува неверојатни милијарда евра

Слободен печат

Остави Коментар