Денови на вашето милениче денеска во Градски парк, утре во ЗОО Скопје

Традиционалниот културно-забавен настан „Денови на вашето милениче” се одбележува денеска и утре. Настанот започнува денеска од 11 часот во Градски парк, поточно во паркот за миленици, а утре во Зоолошка градина и е организиран од здружението ИВСА-Скопје во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина, поддржано од Град Скопје.

– Ги покануваме сите љубители на милениците да земат учество на настанот денеска, сабота во Градски парк од 11 до 16 часот, како и утре, недела, од 11 до 16 часот во ЗОО Скопје. Ние како организација промовираме одговорно сопствеништво со тоа што го едуцираме здравјето на милениците, комплексноста на потребите на животните и нивното здравје и благосостојба, како и поврзаноста на здравјето на животните со здравјето на луѓето – вели Неда Кузмановска, претседателка на ИВСА-Скопје.

Утре, недела од 11 часот ќе се одржат предавања од проф. д-р Јована Стефановска „Паразити кај домашните пратеници”, проф. д-р Пламен Тројачанец „Кастрација и стерилизација на домашните миленици”, проф. д-р Влатко Илиески „Благосостојба на животните”, едукативно шоу со Војо Иванов „Херпетологија/терариум и поважни болести” и Здружението Еко-Свест „Климатски промени”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот