Денови на рускиот филм, еве што ќе се случува

Гостин на Деновите на рускиот филм е филмскиот експерт Александар Поздњаков, автор на документарниот филм „Звуците од старите ѕидови“, со кој ќе биде затворена оваа манифестација во Кинотеката. Филм на отворањето е „Развод по сопствена желба“ на сценаристот и режисер Илија Северов.

Изборот на насловите од Деновите на руски филм се продуцирани во студиото „Ленфилм“ – најстарата продукциска компанија во Русија – во периодот од 60те години на минатиот век, па сè до поновата продукција на филмот што ја отвора манифестацијата „Развод по сопствена желба“. 

Александар Поздњаков е познат руски режисер, сценарист и историчар на филмот. Работи во „Ленфилм“ од 1983, и е претседател на асоцијацијата на филмските критичари на Санкт Петерсбург. Автор е на неколку книги и на документарните филмови. 

Во петте вечери посветени на продукциите на „Ленфилм“ ќе имаме можност да видиме деве наслови на автори различни по нивната естетика, како и филмови од различни периоди на постоењето на ова филмско студио. Затоа на програмата на Деновите на рускиот филм со соработка со „Ленфилм“ ќе ги сретнете имињата на Борис Пастернак како сценарист, режисерите Григори Козинцев и Алексеј Герман (меѓу останатите), актерот Инокентиј Смоктуновски и многу други значајни имиња од советската ера на руската кинематографија, но и новите имиња.

28 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 18 часот

РАЗВОД ПО СОПСТВЕНА ЖЕЛБА

(Развод по собственному желанию / Voluntary Divorce)

Игран филм, Русија

2015, 79  мин., Колор,  ДЦП

Режија: Илија Северов

Сценарио:  Илија Северов

Улоги: Константин Јушкевич, Наталија Суркова, Слава Коробицин

Тренерот, поранешен тркач со велосипеди, Сергеј (Константин Јушкевич) и основачот на ланецот книжарници, Елена (Наталија Суркова), се заедно дваесет години. Неочекувана брачна расправија се заканува да прерасне во развод. Сергеј одлучува да започне одново и заминува од дома, не сомневајќи се дека животот може драматично да се смени за само неколку часа. Неверојатните авантури во кои е вклучен најдобриот пријател (Јуриј Галцев) и лудите ситуации со најблиските ќе ја тестираат силата на семејната врска на Сергеј и Елена. Филмот „Развод по сопствена желба“  е воедно и драма и комедија. Сниман е традицијата на „доброто старо советско кино“, во кое гледачот е принуден безусловно да сочувствува со хероите.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

28 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 20 часот.

ЧОВЕК АМФИБИЈА

(Человек-амфибия / Amphibian Man)

Игран филм, Русија

1962, 96  мин., Колор,  ДЦП

Режија: Владимир Чеботарев, Генадиј Казански

Сценарио:  Акиба Голбурт

Улоги: Владимир Коренев, Анастасија Вертинска, Михаил Козаков

Рибарите од Буенос Аирес и ловците на бисери се исплашени од мистериозното морско чудовиште. Никој не знае што точно е тоа, а всушност се работи за синот на д-р Славатор. Човекот со бели дробови и жабри на ајкула се вика Ихтиандер – резултат на смелите експерименти на д-р Салватор со трансплантација на органи. Ихтиандер е слабо запознаен со луѓето и цивилизацијата – пораснал во куќата на неговиот татко и на море, негови пријатели се делфините. Еднаш, Ихтиандер здогледува девојче како се дави во морето и го спасува од смрт. Оваа минлива средба го менува животот на младиот човек. Тој за прв пат излегува во градот и таму ја наоѓа шармантната Гутиер, која не знае кој е нејзиниот вистински спасител. Помеѓу младите се појавуваат чувства. Сепак, таткото на девојчето, Балтазар, инсистира таа да се омажи за Зурита (кого девојчето го смета за свој спасител). Гутиер се спротивставува, но конечно се предава, верувајќи дека Ихтиандер, кој се фрли во морето пред нејзините очи, се удавил, а вистински нејзин спасител е Зурита.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

29 СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА), 19 часот

ХАМЛЕТ

(Гамлет / Hamlet)

Игран филм, Советски Сојуз

1964 г., 140 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Григори Козинцев

Сценарио: Григори Козинцев, Борис Пастернак, Вилијам Шекспир

Улоги: Инокентиј Смоктуновски, Михаил Названов, Елза Раѕина

Хамлет, принцот од Данска, се враќа дома и открива дека татко му е убиен од чичко му Клавдиј, кој го презел тронот и се оженил со мајка му. Хамлет е вознемирен, го прогонуваат духови и е крајно нестабилен.

Григори Козинцев бил член на руската авангардна група „Фабрика на ексцентрични актери“, која била блиска со дадаизмот и футуризмот. Во 1923 г. требало да ја изведат пантомимата „Хамлет“, но не успеале во тоа и Козинцев се насочил кон кинематографијата. Сепак, се навраќа кон театарот и во 1941 го поставува „Кралот Лир“, а во 1954 „Хамлет“. Посветеноста на Козинцев кон Шекспир се гледа и во тоа што напишал книга на таа тема: „Шекспир, време и совест“. Уште при самото појавување, филмот се стекнува со големи пофалби и на Исток и на Запад. Западњаците ја подвлекуваат музиката на Шостакович како алтернатива на фактот дека филмот е снимен според рускиот превод на Пастернак и на руски јазик, а и славниот Питер Брук има главно поволни мислења за филмот и ја истакнува потрагата на Козинцев кон суштината на пиесата. Филмот има освоено Специјална награда во Венеција.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

30 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18 часот

ДАМАТА СО КУЧЕТО

(Дама с собачкой / The Lady with the Dog)

Игран филм, Русија

1960, 83  мин., црно-бел,  ДЦП

Режија: Јосиф Хеифитс

Сценарио:  Јосиф Хеифитс

Улоги: Илја Савина, Алексе Баталов, Нина Алисова

Во деветнаесеттиот век во приморскиот град Јалта, Димитри Гуров, граѓанин од високата класа, ја запознава Ана Сергејовна додека го шета нејзиното куче. Двајцата имаат несреќни бракови: Димитри е во брак од интерес, склучен од страна на неговото семејство додека бил на колеџ, додека Ана била мажена за лакеј од љубов, која повеќе не постои, и започнуваат љубовна врска. Кога Ана се враќа во Саратов и Димитри во Москва, тој има здодевен живот дома, го минува времето работејќи и одејќи во клубот за да пие и да игра карти со пријателите. За Божиќ, Ана му недостига на Димитри и тој ја лаже жена си дека мора да оди на службено патување  во Санкт Петербург. Меѓутоа, тој патува во Саратов и ја сретнува Ана во операта сосопругот. Нивната љубов се распламтува и Ана му ветува дека ќе се сретнат во Москва. Во време кога разводот е незамислив, Ана и Димитри се проколнати да се среќаваат во хотелски соби.

Филмот бил прикажан во Кан во официјалната селекција.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

30 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20 часот

НАЧАЛНИККОТ ЧУКОТКИ

(Начальник Чукотки)

Игран филм, Русија

1967, 66  мин., црно-бел,  ДЦП

Режија: Виталиј Мелников

Сценарио:  Владимир Валутски, Виктор Викторов

Улоги: Михаил Кононов, Алексеј Грибов, Генадиј Данзанов

Дејствието на филмот се одвива во 1922 година. Комесарот на Ревкомовски, Алексеј Михајлович Глазков, кој добил мандат од Советската влада да управува со областа Чукотка на Далечниот Исток, и младиот службеник Алјоша Бичков, кој го придружува, патуваат со тим кучиња до селото Ујгунан. На патот, Глазков умира од тифус, а Алјоша го погребува. И покрај смртта на Глазков, тој стигнува во Ујгунан, каде го пречекува поранешниот царински службеник Крамов. Откако го примил Алјоша, лукавиот Крамов, тајно испитувајќи ги работите што ги донесол Алјоша, го наоѓа мандатот на Глазков и смета дека Алјоша е Глазков. Младиот патриот завршува во Чукотка веднаш по граѓанската војна каде има намера да ги шири идеите за правдата и еднаквоста меѓу локалните граѓани, но наместо тоа ги стекнува локалните капиталистички навики.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

1 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 18 часот

ЖЕНИДБА

(Женитьба)

Игран филм, Русија

1977, 99 мин., Колор, ДЦП

Режија: Виталиј Мелников

Сценарио: Виталиј Мелников, Николај Гогољ

Улоги: Светлана Киручкова, Алексеј Петренко, Олег Борисов, Владислав Стржелчик

Подлегнувајќи на убедувањето на неговиот пријател Кочкарев, средовечниот советник во судот Подколесин, се сплеткал со зрелата девојка Агафија Тихоновна, ќерка на трговец. Во последен момент, откако поминал низ болен период на дружење и донесување на одлука за свадба – младоженецот решава да избега од венчавката, скокајќи низ прозорецот…

Филмот е сниман според класичниот расказ „Женидба“ на Николај Васиљевич Гогољ.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: Бесплатен Влез

1 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 20 часот

ДВАЕСЕТ ДЕНА БЕЗ ВОЈНА

(Двадцать дней без войны / Twenty Days Without War)

Игран филм, Русија

1977, 101 мин., црно -бел, ДЦП

Режија: Алексеј Герман

Сценарио: Константин Симонов

Улоги: Јудмила Гурченко, Алексеј Петренко

За време на 20-дневниот одмор, воениот дописник Лопатин патува со воз до далечниот град Ташкент. Многу е далеку од фронтот, но се чини дека војната е присутна во умовите на луѓето дури и таму. Дописникот патува таму за да се сретне со семејството на загинат војник и да го посети филмскиот сет од адаптацијата на неговите приказни од војната. Лопатин покрај тоа успева да прошета низ улиците на Ташкент, да учествува на состанок на фабрички работници и да има кратка љубовна врска. Иако нема бомби и борби во атмосферата се чувствува војната.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: Бесплатен влез

2 ОКТОМВРИ (СРЕДА), 18 часот

ВЉУБЕН ПО СОПСТВЕНА ЖЕЛБА
(Влюблён по собственному желанию / Enamored by own Accord)

Игран филм, Русија

1982, 89 мин., Колор, ДЦП

Режија: Сергеј Микаелјан

Сценарио: Сергеј Микаелјан, Александар Васински

Улоги: Олег Јанковски, Евгенија Глушенко, Всеволд Шиловски

Животот по некоја случајност спојува двајца луѓе. Поранешен спортист и шармантниот, но сиромашен млад човек Игор, и библиотекарката Вера, навидум непривлечна, но срдечна девојка, која доживеала многу разочарувања, склучуваат договор да се заљубат по пат на авто-тренинг. Меѓутоа, и покрај тоа што целата работа не успева, тие искрено се заљубуваат и без авто-тренинг.

Во филмот доаѓа до израз реалноста на доцниот Советски сојуз со неговите неатрактивни страни – црн пазар, пијанство, растечки скептицизам и разочарување од идеалите.

Актерката Евгенија Глушенко ја освои наградата „Сребрена мечка“ за надобра женска улога на Филмскиот фестивал во Берлин 1983.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: Бесплатен Влез

2 ОКТОМВРИ (СРЕДА), 20 часот

ЗВУЦИТЕ ОД СТАРИТЕ ЅИДОВИ

(Голоса в старых стенах)

Документарен  филм, Русија

2019., 60 минути Колор,  ДЦП

Режија: Александар Позњаков

Сценарио:  Александар Позњаков

Улоги: Виталиј Аксенов, Игор Масленикнов, Виталиј Мелников, Сергеј Селјанов, Александар Сокуров

Документарен филм кој раскажува за сите главни историски пресвртници на филмското студио „Ленфилм“. Познати актери, режисери и продуценти  се сеќаваат на „златната ера“ на „Ленфилм“ и  прераскажуваат смешни и тажни приказни кои се случиле во тоа студио .  Прикажани се и пробите на Театарската академија на Моховаја, каде се обучувала новата генерација актери. Ова е гротескен филм кој комбинира тажни и смешни сцени, носталгични спомени од убавите времиња на тивкото и убаво кино.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот