Денови на Општина Карпош: Роденденска акција за дарување крв

По повод 44-годишнината од постоењето на Општина Карпош, а во рамките на традиционалните „Денови на Општина Карпош“, денеска ќе се организира т.н. роденденска крводарителна акција.

Оваа хуманитарна акција Општината, заедно со Републичкиот завод за трансфузиологија и Црвениот крст на Карпош, локалната самоуправа ќе ја спроведе во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“, во периодот од 9 часот наутро до 16 часот, при што крв ќе даруваат само вработените од општинската администрација.

– Досега се пријавени потенцијални 40 крводарители, а акцијата ќе се спроведе според сите заштитни протоколи во услови на ковид-пандемијата. Тоа подразбира дека во периодот од еден час крв ќе даруваат најмногу околу четири до пет дарители на крв, информираат од Карпош.

Во рамките на „Денови на Општина Карпош“, во пресрет на 3 ноември, предвидени се повеќе активности. Учениците од основните училишта ќе имаат можност да пишуваат литературни творби и да цртаат на различни теми, ќе се врачи и признанието за заслужен граѓанин за 2019 година, а Советот на Општина Карпош на седница ќе номинира и заслужен граѓанин за 2020 година.

„Деновите на Општина Карпош“ ќе финализираат со викенд-акција за отстранување несоодветни натписи и графити. Станува збор за пароли што стимулираат меѓуетничка нетолеранција или говор на омраза, со што се нарушува ликот на населбите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот