„Денови на македонскиот мед”: Медарите од цела Македонија нудат мед, прополис, полен… (ГАЛЕРИЈА)

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Од денеска до недела на улицата „Македонија“ се одржува 15. манифестација „Денови на македонскиот мед” каде што можат да се вкусат и купат мед, прополис, полен и други производи од мед, поставени на штандови на 37 производители од целата земја.

Оваа година пчеларите се задоволни од сезоната и сметаат дека овие манифестации се добродојдени за да на граѓаните уште повеќе им се доближат благодетите од медот.

На една од тезгите се продава и медот на семејството Стојановски од Охрид кои имат дури 1.000 пчелни семејства.

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

– Во оваа гранка сме повеќе од 60 години, почнувајќи од мојот дедо, татко и јас и се надевам дека традицијата ќе продолжи понатаму. Ние сме професионално определени на пчеларството како гранка, па така произведуваме ливадски и шумски мед, а и сме еден од репроцентрите за пчелни роеви и матици. Ние како семејство учествуваме од самиот почекот на оваа манифестација и сме задволни од нашиот настап, затоа што заинтересираноста е голем во однос на потрошувачите, а со тоа и промоција на нашите производи – вели  Маријан Стојаноски од Охрид.

Стојановски се надева дека почесто ќе се одржуваат  слични манифестации за да се промовира македонскиот мед и производите од пчеларството, а со тоа и да се зголеми свеста на потрошувачите на вистински природен мед.

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Оваа година манифестацијата се одржува под мотото „Конзумирајте пчелни производи за убав ден и здрав живот“, а пчеларското здружение „Матица“ од Скопје, кое е и организатор на настанот, оценува дека потрошувачката на мед се зголемува.

– Пчелараството добива на значење во последните години во цел свет, така што ОН прогласија Ден на пчелата, а се покренуваат иницијативи таа да се прогласи за најкорисен инсект. Се повеќе луѓе ги користат производите на пчелата во секојдневната исхрана, откако заклучија дека пчелата е навистина корисен инсект кој живее милиони години на нашата планета – вели Душан Ристески претседателот на пчеларското здружение „Матица“.

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

На штандовите на улица „Македонија“ можевме да забележиме производители на мед и медни производи од целата држава кои ги нудеа своите продукти.

[foogallery id=”91801″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот