„Денови на кочанскиот ориз” од 30 септември до 5 октомври

Од 30 септември до 5 октомври Кочани ќе биде домаќин на дваесет и осмото издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз” со што се одбележува почетокот на жетвата на главната земјоделска култура во регионот.

Во овогодишната програма се предвидени повеќе културно-музички содржини проследени со презентација на традиционалните жетвени обичаи и специјалитети од ориз.

– Манифестацијата ќе ја отвориме в понеделник со промоција на втората книга „Богатство запишано во времето” од Киро Герасимов, а во наредните денови од музичките содржини следуваат концертот на градскиот хор од Штип, детскиот фестивал „Музички бранови”, концертот на основното музичко училиште „Ристо Јуруков” и настапот на групата „Салса и пунто” од Куба. В четврток ќе ги промовираме четирите книги „Запишано фолклорно богатство од Кратовско” од м-р Драган Георгиевски, а следниот ден ќе се одржи Балканска поетска средба и промоција на „Книга за оризот” од авторите Оливера и Зоран Поповиќ од Србија, истакна Аспарух Михаилов од одделението за јавни дејности на Општина Кочани.

Завршницата на манифестацијата се најавува за 5 октомври со традиционалното рачно зажнејување на оризот, по што ќе бидат доделени наградите и признанијата за најдобрите земјоделски производители, ќе се одржи фолколрен концерт, а ќе бидат презентирани и традиционалните јадења од Кочанско. Вечерта е предвидена за македонски и светски евергрин мелодии во изведба на Девана Нардели и Огнен Здравковски со „Долче дуо”.

Организатор на „Деновите на кочанскиот ориз” е Општина Кочани во соработка со Центарот за култура „Бели мугри”, библиотеката „Искра” и фолклорните друштва од регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот