Денови на книгата во Општина Центар

По повод денот на Општината – 3 Ноември, во период од три недели ќе се реализира проектот „Денови на книгата во Општина Центар”. Целта е актуализација на читалните во општината и зголемување на нивната опременост, зголемување на културата за читање книги, анимирање на читателската публика во Општина Центар, промоција на македонските издавачки куќи и нивните најнови дела на македонски јазик.

Како што соопшти Општина Центар, три издавачки куќи, „Магор”, „Полица” и „Светот на Биби” од денеска до 23 ноември ќе извршат презентација на дел од најновите книжевни дела напишани или преведени на македонски јазик. Презентацијата ќе се изврши во читалната „Славко Јаневски”.

Секоја издавачка куќа ќе ја користи читалната во текот на една недела изложувајќи ги своите дела со работно време од 12:00 до 18:00 часот, од понеделник до петок, и сабота од 12:00 до 16:00 часот. За користењето на читалната на Општина Центар, издавачките куќи, ќе донираат книги за нејзино опремување. Сите изложени изданија заинтересираната публика ќе може да ги купи со 30 отсто намаление.

Посетителите ќе можат да ги погледнат изданијата на „Светот на Биби” од денеска до 8 ноември, а од 11 до 16 ноември да се запознаат со делата на „Полица”. Најновите изданија и дела, „Магор” ќе ги претстави од 18 до 23 ноември годинава. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот