Денот на Европа ќе се одбележи со оддавање почит на жртвите на Ковид-19 и со Еуротон онлајн програма

Фото: МИА

По повод Денот на Европа – 9 Мај, Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија организира настан пред платото на Градската општата болница „8 Септември”.

Настанот ќе почне во 12.30 часот со кревање на знамињата на Република Северна Македонија и на Европската Унија, по што ќе се оддаде почит со едноминутно молчење за жртвите од Ковид-19.

Како што соопшти европската делегација во Скопје, на церемонијата свои обраќања ќе имаат евроамбсадорот Самуел Жбогар и премиерот Оливер Спасовски. На настанот ќе присуствуваат и шефот на дипломатијата Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче.

Настанот ќе се пренесува во живо на официјалниот канал на Владата на Северна Македонија.

По повод Денот на Европа, делегацијата на ЕК во Скопје ќе одржи и Еуротон (Eurothon), целодневна он лајн програма на социјалните медиуми на Делегацијата на ЕК и на Европска куќа.

Програмата ќе почне со интонирање на химната на ЕУ „Ода на радоста” во изведба на студентите од музичкото училиште „Пиано арт” од Скопје, по што ќе следуваат он лајн обраќања на евроамбсадорот Жбогар и на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Еуротон ќе почне во 11 часот, а ќе вклучува и емитување делови од дебати на евроамбасадорот Жбогар со ученици од средни училишта низ земјава, презентација на програмите на Еразмус и други активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот