Денот кога Роналдо немаше решение за Македонија (ВИДЕО)

twitter.com/UEFAEURO

Во центарот на вниманието беше сегашниот играч на Јувентус, Роналдо, кој на секаков начин се обидуваше да постигне голови.

На денешен ден (26 мај 2012 година) во пријателски натпревар македонската А репрезентација одигра нерешено 0:0 против Португалија.

Овој меч беше одигран во Леирија, Португалците предводени од најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо.

Противникот ја имаше фаворитската улога, но не успеа на крајот да ја затресе македонската мрежа.

Во центарот на вниманието беше сегашниот играч на Јувентус, Роналдо, кој на секаков начин се обидуваше да постигне голови.

Во составот на нашата селекција тогаш предводена од велшкиот стратег Џон Тошак беа Грнчаров, Новески, Шиков, Тричковски, Фазли, Пандев, Ристовски, Урдинов, Глигоров, Спировски (стартни 11), потоа Нурединоски, Георгиевски, Мојсов, Демири, Хасани, Таири, А. Ибраими, Ивановски, Муарем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот