Денот кога кошаркарскиот Моцарт замина во легендите

На 7 јуни 1993 година во сообраќајна несреќа загина еден од најдобрите кошаркари во историјата, Дражен Петровиќ.

Кошаркарскиот „Моцарт“ се возеше во црвен Волксваген Голф, спиејќи на совозачкото место, а со автомобилот управуваше неговата девојка, германската манекенка и кошаркарка Клара Шаланци, додека на задното седиште беше Хилал Едебал, млада турска кошаркарка. Тие од Франкфурт одеа кон Хрватска а Дражен не сакаше да патува со соиграчите од репрезентацијата.

Од спротивната страна доаѓаше камион кој во обидот да претекне едно возило, ја загуби конторлата, ја проби средишната ограда и се преврте на патот. Бидејќи видливоста беше слаба, Голфот со брзина од 160 километри на час, удри директно во камионот и Дражен загина на лице место. Оваа вест го зави во црно хрватскиот спорт но и кошаркарскиот свет бидејќи замина виртузот со топката, кошаркарскиот „Моцарт“.

Тој иако имаше можност да се врати со колегите од репрезентацијата, Петровиќ се одлучи за поинаква варијанта, сакаше да помине уште некој ден заедно со својата девојка и за жал таа одлука се покажа кобна.

– Ние се враќавме од Варшава кон Франкурт, а таму Дражен одлучи да го продолжи патот со својата девојка. Неверојатно е што во моментот на несреќата, нашиот авион прелетуваше на тоа место и пилотот ни кажа да се врземе поради турбуленции, а под нас беа црни облаци. Неверојатно, но тоа е животот. Една од сликите која постојано ми се врти во главата и кога најдобро опишува каков човек и кошаркар беше Дражен. Во натпревар без никакво значење ние успеавме да се скараме поради една акција која не се одигра како што очекувавме – вели Дино Раѓа, неговиот најдобар пријател.

Дражен Петровиќ кариерата ја започна во Шибенка, а потоа премина и во Цибона со која два пати стана и европски шампион. По Цибона, последна европска станица му беше Реал Мадрид, а потоа замина во НБА лигата. Не доби шанса во Портланд, но затоа во Њу Џерси стана еден од најдобрите кошаркари во НБА. Успеа да биде избран и во третата најдобра петорка во НБА лигата.

Судбината сакаше кошаркарскиот Моцарт да замине предвреме, на само 28 години но неговите игри и неговиот победнички и натпреварувачки менталитет остануваат вечно врежани во срцата на сите љубители на кошарката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот