Денот кога Кометал Ѓорче Петров ја освои Европа (ФОТО+ВИДЕО)

Ова беше прв трофеј на една наша ракометна екипа во најсилното европско клупско натпреварување!

Во натпреварувачката сезона 2001/2002 во рамките од женската ракометна Лига на шампионите, екипата на Кометал Ѓорче Петров успеа да ја освои титулата.

Дину Луминита и Индира Кастратовиќ слават по победата над Хертз од Унгарија / Фото: EPA PHOTO EPA / GEORGI LICOVSKI / lg fob

Откако на првиот натпревар во Унгарија загуби со 27:25, на реваншот (19 мај 2002 година) во полната сала СРЦ „Кале“ – Скопје, македонскиот шампион ја анулираше негативата и триуфираше со 26:22 против Херц.

Фото: / EPA / GEORGI LICOVSKI

Тоа беше прв трофеј на една наша ракометна екипа во најсилното европско клупско натпреварување, на возвратната пресметка предводени од Индира Кастратовиќ која реализираше 10 голови!

Фото: / EPA / GEORGI LICOVSKI

Составот на Кометал ЃП во сезоната 2001/2002 изгледаше вака: Кастратовиќ, Малахова, Бујанова, Будимир, Кисељова, Платон, Велкова, Андрушченко, Чупиќ, Дину, Калиниченко, Нацева Бошева, Плошчинска, Златановска. Тренер на екипата беше Александар Панов.

Сестрите Лидија и Тања Кочовски ја изведуваат химната на Македонија / Фото: Фејсбук

Потсетете се каква беше атмосферата тогаш:

Големата толпа слави во центарот на Скопје за трофејот / Фото: EPA / ROBERT ATANASOVSKI

Кометал ЃП во сезоната 2004/2005 во ЛШ исто така стигна до финалето, но таму беше поразен од данскиот Слагелсе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот