Денот кога Коби Брајант постигна 81 поен! (ВИДЕО) - Слободен печат

Денот кога Коби Брајант постигна 81 поен! (ВИДЕО)

Ќе се сеќаваме на Коби Брајант и по фантастичниот натпревар кој го одигра на 22. јануари 2006. година во дресот на Лос Анџелес Лејкерс.

Коби Брајант синоќа загина во хеликоптерска несреќа во која загинаа вкупно девет лица, соопшти полицијата.

Од доаѓањето на големата кошаркарска сцена во 1996. година како 13. пик на драфтот и трејд во кој од Шарлот во замена за Владе Дивац се пресели во Лејкерси, го привлече вниманието на себе.

Тој е веројатно нешто најблиску до големиот Мајкл Џордан што се појавил на кошаркарскиот терен, дури и во некои сегменти го надмина својот идол.

Од кошарката официјално се прости на крајот од сезоната 2015/16, а пензијата ја најави со емотивно писмо.

Освен што освои пет НБА титули, ќе се сеќаваме на него и по фантастичниот натпревар кој го одигра на 22. јануари 2006. година.

Прочитајте и...  Лечиќ: Кошаркарите нека го израдуваат народот со победа над Естонците!

Лејкерси во однос на сегашната, тогаш немаа екипа за титула, на гости им дојде екипата на Торонто, а Коби уфрли неверојатни 81 поен за победа од 122:104.

Од игра имаше 28/46, слободни фрлања 8/10, беше тоа вториот најголем учинок што се однесува по бројот на поен во еден НБА натпревар.

Рекордот го држи Вилт Чемберлен кој постигна 100 поени на 2. март 1962 година во триумфот (169:147) во дресот на Филаделфија Вориорс против Њујорк Никс.

Прочитај повеќе

Борусија Дортмунд го потврди трансферот на Џан

Слободен печат

Лотито: Сите сакаат да се прекине монополот на Јувентус

Слободен печат

Два порази на ракометните надежи на Медитеранските игри

Слободен печат

Ѓоковиќ: Подготвен сум за најдобрата сезона во кариерата

Слободен печат

Ливерпул ја користи кризата кај Сити, сака да ангажира две ѕвезди

Слободен печат

Реал е виновникот за казната на Манчестер сити?!

Слободен печат

Остави Коментар

Шестнаесет + дванаесет =

Прочитај повеќе

Бразилецот Рејнер до 2026 година во Реал Мадрид! (ВИДЕО)

Слободен печат

Нов голем удар за Жозе Мурињо и Тотенхем

Слободен печат

СЕКОЈА ЧЕСТ: Ѓоковиќ пред зграда во Белград игра тенис! (ВИДЕО)

Слободен печат

Барса ја активира клаузулата на напаѓачот на Леганес!? (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Лечиќ: Кошаркарите нека го израдуваат народот со победа над Естонците!

Слободен печат

„Адидас“ ја претстави топката со која ќе се игра финалето во ЛШ! (ФОТО)

Слободен печат