Денот кога „Камп Ноу“ го гледаше епското славје на Мурињо! (ВИДЕО)

фото: твитер

Таа сезона за португалскиот „Специјалист“ беше шампионска, односно со екипата на Интер успеа да ја освои титулата во ЛШ.

Кога еден ден Жозе Мурињо ќе ја заврши и тренерската кариера, и искрено одговори на прашањето за негов најомилен натпревар како стратег, не е невозможно меѓу првите асоцијации да биде и еден пораз.

На денешен пред точно 10 години (28 април 2010), португалскиот „Специјалист“ го претрча целиот терен на стадионот „Камп Ноу“ славејќи пласман во финале на Лигата на шампионите.

На првиот дуел од полуфиналето во сезоната 2009/2010 на „Џузепе Меаца“ во Милано, Интер триумфраише над Барселона со 3:1, а на реваншот каталонскиот гигант успеа да слави само со 1:0.

Таа сезона Интер ја освои титулата во Лигата на шампионите, откако во големото финале одиграно во Мадрид на „Сантјаго Бернабеу“ славеше победа над Баерн Минхен (2:0).

Веднаш после судискиот свиреж „Камп Ноу“ го гледаше епското славје на Мурињо, дури и тогашниот голман на Барса, Виктор Валдес се обиде да го спречи…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот