Денот кога Ѓоковиќ ја промени историјата на светскиот тенис! (ВИДЕО)

фото: твитер

Тоа му беше првата титула на Новак Ѓоковиќ од 34 трофеи од деветте најсилни турнири во мастерс серијата после грен слемовите.

На денешен ден пред 13 години, во овој момент најдобриот тенисер на светот, го освои мастерсот во Мајами.

Тоа му беше првата титула на Новак Ѓоковиќ од 34 трофеи од деветте најсилни турнири во мастерс серијата после грен слемовите.

Српскиот тенисер тогаш во големото финале го совлада Аргентинецот Гиљермо Кањас со резултат 3:0 по сетови 6:3, 6:2 и 6:4.

Интересно е тоа што Ѓоковиќ тој пехар го доби од рацете на прославениот Борис Бекер, кој подоцна во кариерата му беше тренер.

Од тој Мајами досега популарниот Ноле стана единствениот тенисер, кој успеа барем еднаш да го освои секој од деветте турниро во мастерс серијата.

Како што веќе е познато, Ѓоковиќ нема да ја брани годинава ланската титула на грен слем турнирот „Вимблдон“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот