Денот кога целиот стадион во Торино му аплаудираше на Роналдо! (ВИДЕО)

фото: твитер

Пред точно две години се случи велемајсторија на тогаш сеуште активниот играч на Реал Мадрид во фудбалската Лига на шампионите против Јувентус.

Дефинитивно еден од најубавите голови во историјата на светскиот фудбал, а има уште поголемо значење со оглед дека е дело на еден од најдобрите играчи на денешницата.

Пред точно две години, на 3 април 2018 година Кристијано Роналдо во дресот на Реал Мадрид со фантастични „ножички“ реализираше против својот сегашен клуб Јувентус.

Феноменалниот Португалец беше двоен стрелец во победата на „кралевите“ во Торино (0:3) во првиот натпревар од четврфиналето во ЛШ, но погодокот во 64 минута дефинитивно ќе се вбројува меѓу најубавите во фудбалската игра.

Воедно таа натпреварувачка сезона (2017/18) во Лигата на шампионите Реал ја освои титулата, откако во финалето во Киев со 3:1 го совлада Ливерпул.

После овој погодок целиот стадион во Торино му аплаудираше на велемајсторот Роналдо. Можеби токму тие аплаузи го „купија“ Роналдо и одлучи да ги брани боите на „Старата дама“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот