Денеска во Скопје посебен сообраќаен режим

Сообраќаец, Фото: Архива

Поради натпреварот „Триоги Триатлон” денеска во периодот од 9 до 12 часот ќе има посебен сообраќаен режим по одредени улици низ Скопје.

-Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски”, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски” и по десната коловозна лента од бул.„Илинден”, потоа на потегот од крстосницата на бул.„8 Септември” до крстосницата со ул.„Љубљанска” и обратно, информираат од МВР.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот