Денеска во Швајцарија ќе се одлучува за иднината на фудбалот

Учесниците во натпреварувањата под капата УЕФА ќе заработуваат повеќе пари со новиот договор/ фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Формирањето на европската Суперлига предизвика вистински земјотрес не само во европскиот туку и во светскиот фудбал кој се заканува да трајно го „осакати“ најпопуларниот спорт на планетата.

Најверојатно од лето ќе има „лига на богатите“ во која ќе играат 12. најбогати, најмоќни и најголеми фудбалски тимови од Европа, недостасуваат само Баерн Минхен и ПСЖ за да се комплетира овој список. Но, германскиот и францускиот тим иако беа дел од иницијативата за формирање на Суперлигата, засега имаат проблеми со своите лиги поради кои не можат да се приклучат.

Како одговор на Суперлигата, денеска во Швајцарија ќе има состанок на претставници од ФИФА, УЕФА, Серија А, Премиер лигата, Ла Лига, Лига 1 и Бундеслигата на кој ќе се одлучува за идните чекори кои ќе се преземат против новото натпреварување.

Според новинарот Фабрицио Романо, сите претставници се сложни во една работа, клубовите основачи на Суперлигата да добијат забрана за настап во европските натпреварувања како и во домашните лиги.
Претходно 12 клубови кои ја формираа „лигата на богатите“ наведоа дека сакаат да останат да се натпреваруваат во домашните лиги, а немаат проблем доколку не играат во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот