Денеска во Ѓорче ечеше „Мртов шиптар, добар шиптар“ (ВИДЕО)

Денеска на социјалните мрежи се појави ново видео на кое фудбалски навивачи на улиците во Ѓорче Петров изивикуваа „Мртов шиптар, добар шиптар“.

Се претпоставува дека станува збор за организирана група на навивачи бидејќи денеска во Ѓорче Петров во рамките на шестото коло од Првата фудбалска лига играа Македонија ЃП и Вардар.

Од краткото видео кое се појави на социјалните мрежи не може да се види дали евентуално дошло до физичка  пресметка помеѓу навивачите и група граѓани кои реагираа на гестот на навивачите.

„Мртов Шиптар- добар Шиптар“ се пее на скопскиот плоштад, кој да го спречи говорот на омраза? (ВИДЕО)

Минатата недела имаше сличен инцидент кога навивачи на Вардар одејќи кон Националната Арена „Тодор Проески“ каде се играше дербито помеѓу Вардар и Шкупи, низ плоштадот извикуваат идентично „мртов шиптар, добар шиптар“.

Груби за навивачите на „Вардар“: Такво однесување нема место во нашето ново општество

На тие пароли од навивачите на Вардар, реагираше, вицепремиерот Артан Груби кој е поранешен член на навивачката група Шверцери, по што доби одговор од „Комитите“ преку социјалните мрежи.

Го замолуваме присутниот џган да не 'не става у уста.ВАРДАР – Слога 1:0Ајт сиктер !#ШверцерскаДунда #ГлумецотОдТеатарот

Publiée par Komiti Skopje sur Lundi 14 septembre 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот