Денеска топло и сончево, од утре намалување на температурите

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 17, а максималната од 28 до 34 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 31 степен.

Од понеделник ќе има повремено зголемување на облачноста и благо намалување на дневната температура.

Во четврток попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот