Денеска сончево и студено време

Фото: ЕПА/ЕФЕ

Минималната температура ќе се движи од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -7 до 3 степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Во северните делови променливо облачно, во текот на ноќта со услови на места да провејува слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се движи од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -7 до 3 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северозападен ветер. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 0 степени.

Следните денови следува период на стабилно и студено време со многу ниски утрински температури, а и дневните до вторник во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.

Од понеделник до среда ќе биде претежно сончево, а од четврток облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за локални врнежи од дожд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот