Денеска се вакцинираат наставниците кои држат настава со физичко присуство

Вакцинален пункт Борис Трајковски - Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Наставниците кои држат настава со физичко присуство во основните училишта ширум земјава, од денеска станаа дел од приоритетната група на граѓани за вакцинација. 

Ова следува откако пред неколку денови претседателот на Самостојниот синдикат за образование и наука, Јаким Неделков, реагираше дека покрај негувателките во градинките и наставниците кои имаат непосреден контакт со учениците треба да бидат ставени во приоритетната група на граѓани за вакцинација.

„СОНК побара од ресорните министри и Владата, вработените во образованието, науката и културата да бидат приоритетни при вакцинирање против ковид-19“, се вели во реакцијата на Неделков.

Како што дознава „Слободен печат“, наставниците кои држат настава со физичко присуство ќе се вакцинираат од денеска па се до петок. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот