5 C
Скопје

Денеска се регистрирани 72 нови случаи на ковид-19, починати се 13 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Тетово-4, Гостивар-4, Штип-4, Кавадарци-3, Струга-4,  Кичево-1, Свети Николе-1, Неготино-1, Дебар-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1023 оздравени пациенти од: Скопје-511, Куманово-51, Тетово-32, Прилеп-46, Гостивар-29, Штип-17, Битола-34, Велес-38, Струмица-26, Кавадарци-50, Кочани-22, Кичево-11, Свети Николе-5, Гевгелија-15, Неготино-21, Дебар-22, Ресен-3, Крива Паланка-20, Радовиш-23, Берово-9, Делчево-1, Пробиштип-3, Виница-4, Валандово-5, Македонски Брод-2, Богданци-6, Крушево-3, Демир Капија-2, Пехчево-11, Дојран-1.

Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (74, 69, 93 и 87г), три од Прилеп (69, 76 и 57г), еден пациент од Велес (51г), еден од Неготино (80г), еден од Дебар (71г), еден од Радовиш (66г), еден од Македонски Брод (66г) и еден пациент од Кратово (76г).Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Прочитајте и...  Помалите парламентарни партии бараат Северна Македонија да биде една изборна единица

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89463, бројката на оздравени пациенти е 74800, на починати е 2739, а бројот на активни случаи изнесува 11924. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 38853, активни 7027
• Куманово 5050, активни 436
• Тетово 4977, активни 456
• Прилеп 4482, активни 267
• Гостивар 3546, активни 316
• Штип 3447, активни 167
• Битола 3174, активни 226
• Велес 2970, активни 310
• Охрид 2664, активни 367
• Струмица 2479, активни 365
• Кавадарци 2411, активни 366
• Струга 2152, активни 175
• Кочани 1702, активни 120
• Кичево 1671, активни 150
• Свети Николе 1061, активни 48
• Гевгелија 954, активни 116
• Неготино 945, активни 154
• Дебар 725, активни 106
• Ресен 712, активни 113
• Крива Паланка 705, активни 72
• Радовиш 676, активни 53
• Берово 567, активни 51
• Делчево 538, активни 155
• Пробиштип 482, активни 33
• Виница 476, активни 40
• Валандово 325, активни 24
• Демир Хисар 241, активни 13
• Македонски Брод 239, активни 14
• Богданци 214, активни 32
• Кратово 209, активни 15
• Крушево 192, активни 33
• Македонска Каменица 189, активни 47
• Демир Капија 179, активни 36
• Пехчево 175, активни 14
• Дојран 81, активни 7

Прочитајте и...  Медицинска сестра од Ортопедија барала мито, обвинета за примање награда

Направените 793 теста се преку: ИЈЗ-84, ЦЈЗ Скопје-39,  Авицена-155, Биотек-78, МАНУ -59,  Жан Митрев (Филип Втори)-89, Систина со PCR метода -100, лабораторија Лаор –61, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-27, Ремедика-24, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -75, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 435.361 тестирања на Ковид -19.

Поврзани вести

Која е нишката што ја поврзува Македонија со кланот „Америка“

Слободен печат

Милета Миљаниќ, ака Мајк падна во Њујорк: Агентите на ФБИ му ставија лисици на рацете на водачот на кланот „Америка“

Слободен печат

Хелен Мирен ќе ја напише светската порака по повод Светскиот ден на театарот

Слободен печат

Вашингтон со критика до Пекинг заради наметнување на изборниот закон во Хонгконг

Слободен печат

ВИДЕО I Еден мигрант загина, а неколку се повредени во експлозија во минско поле во близина на Плитвице

Слободен печат

Захарова: Русија конструктивно ќе одговори на позитивните сигнали од САД

Слободен печат

Остави Коментар