Денеска се регистрирани 72 нови случаи на ковид-19, нема починати

Амбулантно возило / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 5759 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19: Скопје – 20, Куманово – 14, Тетово – 10, Гостивар – 9, Битола – 7, Струмица – 5, Охрид – 3, Кавадарци, Струга, Кичево и Берово – по 1.

Регистрирани сe 9 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово и Штип – по 2, Струмица и Кочани – по 1.

Не се пријавени починати лица.

Направени се 5759 тестови преку: ИЈЗ-57, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-107, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–18, Жан Митрев (Филип Втори)-73, Авицена-193, Биотек-152, Систина-71, лабораторија Лаор-653, Синлаб-4, Ремедика-9, Плодност–40, Генеа–18, Никоб лаб-1.306, ВФВ Медикал-75, Ели Медика-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2814.

Досега во земјата се направени вкупно 982 469 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156 452 бројката на оздравени пациенти е 150 371, на починати е 5493, а бројот на активни случаи изнесува 588.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот