Денеска се регистрирани 518 нови случаи на ковид-19, пријавени се четири починати лица

ГОБ 8 септември во Скопје. / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 5.809 тестирање, а регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19: Скопје – 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кочани – 5, Прилеп и Берово – по 4, Штип, Виница и Македонски Брод – по 3, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 31 оздравени пациенти од: Скопје – 13, Куманово – 6, Гостивар – 5, Тетово – 4, Струмица – 2, Битола – 1.

Пријавени се 4 починати лица: 2 од Скопје (71г и 88г), по еден од Тетово (75г) и Дебар (67г). Починати во болнички услови.

Направени се 5809 тестови преку: ИЈЗ-195, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-114, ЦЈЗ Прилеп-31, ЦЈЗ Тетово–73, ЦЈЗ Куманово–85, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–45, Жан Митрев (Филип Втори)-115, Авицена-242, Биотек-241, Систина-90, лабораторија Лаор-622, Синлаб-79, Ремедика-17, Плодност–76, Генеа–8, Никоб лаб-830, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2805.

Досега во земјата се направени вкупно 1 028 102 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158 681 бројката на оздравени пациенти е 150 587, на починати е 5513, а бројот на активни случаи изнесува 2581.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот