Денеска се регистрирани 358 нов случаj на ковид-19, а починати се 5 лицa

ГОБ 8 септември во Скопје. / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2275 тестирања, а регистрирани се 358 нов случаj на ковид-19 во: Скопје – 173, Прилеп – 41, Куманово – 22, Кавадарци – 21, Тетово – 13, Велес – 11, Битола и Крива Паланка – по 9, Охрид – 8, Неготино – 7, Крушево – 6, Штип – 5, Струмица и Гевгелија – по 4, Струга, Делчево и Валандово – по 3, Гостивар, Кичево, Ресен, Радовиш и Пробиштип – по 2, Кочани, Свети Николе, Дебар, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 341 оздравени пациенти од: Скопје – 186, Кавадарци – 24, Куманово – 18, Тетово – 16, Прилеп – 14, Струмица – 11, Битола и Гевгелија – по 9, Гостивар, Велес, Дебар и Ресен – по 7, Кичево, Берово и Демир Капија – по 5, Радовиш – 3, Штип, Охрид, Кочани, Свети Николе, Неготино, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица.

Починати се 3 пациенти од Скопје (91г, 80г и 58г), по 1 пациент од Кавадарци (73г) и Прилеп (62г) .
Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 2275 тест преку: ИЈЗ-405, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-214, Биотек-213, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Систина-196, лабораторија Лаор–130, МАНУ-6, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-40, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-59, Ремедика-28, лабораторија болница Козле-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 768, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 489.991 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, бројката на оздравени пациенти е 88.301, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 42589, активни 2767
Куманово 5386, активни 237
Тетово 5283, активни 213
Прилеп 4883, активни 332
Гостивар 3705, активни 113
Штип 3571, активни 79
Битола 3326, активни 124
Велес 3300, активни 235
Охрид 3048, активни 367
Кавадарци 2974, активни 415
Струмица 2630, активни 146
Струга 2324, активни 162
Кочани 1773, активни 48
Кичево 1751, активни 66
Свети Николе 1100, активни 25
Гевгелија 1078, активни 96
Неготино 1048, активни 88
Дебар 778, активни 35
Ресен 779, активни 62
Крива Паланка 766, активни 43
Радовиш 741, активни 45
Делчево 702, активни 215
Берово 624, активни 30
Пробиштип 523, активни 19
Виница 504, активни 22
Валандово 341, активни 14
Демир Хисар 256, активни 11
Кратово 252, активни 25
Македонски Брод 251, активни 10
Крушево 240, активни 44
Богданци 233, активни 10
Демир Капија 227, активни 34
Македонска Каменица 192, активни 4
Пехчево 183, активни 3
Дојран 95, активни 13

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот