Денеска се регистрирани 30 нови случаи на ковид-19, а починати се 16 лица

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 1 658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 14, Куманово – 4, Тетово и Кочани – по 2, Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип – по 1.

Регистрирани се 359 оздравени пациенти од: Скопје – 163, Куманово – 31, Битола – 26, Тетово – 16, Велес и Кичево – по 12, Кочани, Гостивар и Кавадарци – по 11, Ресен – 10, Штип – 9, Виница, Прилеп и Свети Николе – по 6, Струмица –5, Неготино и Берово – по 4, Радовиш и Гевгелија – по 3, Крива Паланка и Дебар – по 2, Струга, Делчево, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 8 од Скопје (61г, 62г, 69г, 72г, 75г, 80г, 82г и 82г), две лица Битола (65г, 82г) и по едно лице од Куманово (80г), Струмица (76г), Охрид (68г), Гостивар (73г), Ресен (69г) и Струга (72г). Од пријавените, еден е починат во домашни, а останатите во болнички услови.

Направени се 1.658 тестови преку: ИЈЗ – 62, ЦЈЗ Скопје – 24, ЦЈЗ Битола – 51, ЦЈЗ Прилеп – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 1, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8 Септември – 10, Институт за микробиологија – 0, МАНУ – 37, Жан Митрев (Филип Втори) – 167, Авицена – 208, Биотек – 676, Систина – 184, лабораторија Лаор – 0, Синлаб – 0, Ремедика – 48, Плодност – 56, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 134.

Досега во земјата се направени вкупно 749 727 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154 524, бројката на оздравени пациенти е 143 427, на починати е 5 184, а бројот на активни случаи изнесува 5 913.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68 179, активни 2493
Куманово 8 763, активни 519
Прилеп 8 255, активни 301
Тетово 7 185, активни 230
Битола 6 258, активни 419
Велес 5 459, активни 174
Гостивар 5 154, активни 124
Кавадарци 5 141, активни 92
Охрид 4 975, активни 290
Штип 4 951, активни 137
Струмица 4 093, активни 141
Струга 2 969, активни 105
Кочани 2 770, активни 86
Кичево 2 527, активни 148
Гевгелија 2 189, активни 64
Неготино 2 177, активни 48
Свети Николе 1 517, активни 62
Ресен 1 233, активни 89
Крива Паланка 1 217, активни 21
Радовиш 1 130, активни 62
Берово 1 026, активни 12
Делчево 964, активни 45
Дебар 938, активни 8
Виница 871, активни 90
Пробиштип 786, активни 18
Валандово 664, активни 11
Богданци 493, активни 17
Крушево 488, активни 34
Демир Хисар 396, активни 36
Демир Капија 396, активни 4
Кратово 363, активни 11
Македонски Брод 356, активни 1
Пехчево 266, активни 4
Македонска Каменица 243, активни 17
Дојран 132, активни 0

Видео на денот