Денеска се празнуваат Светите девет маченици во Кизик

Овие деветмина храбри маченици, во кои гореше љубовта Христова, не сакаа да им принесат жртви на идолите ниту да се одречат од Господа Исуса Христа, заради што беа жестоко мачени и најпосле убиени со меч.

Во времето на царот Константин, во Кизик беше изграден храм во чест на овие маченици, а таму ги положија и нивните нетлени мошти.

Нивните имиња се: Теогниј, Руф, Антипатар, Теостих, Артем, Магн, Теодот, Тавмасиј и Филимон. Презреа сè минливо заради вечното.

Затоа Господ ги воведе во Своите вечни живеалишта и им даде венци на непропадлива слава. Чесно пострадаа и се прославија во 3 век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот