Денеска се празнува Животоприемен извор – петокот од Светлата Седмица

На овој ден се празнува обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него.

Си спомнуваме и за многуте чуда што се случиле во тој храм на Божјата Мајка. Првиот храм врз изворот го изградил византискиот император Лав Велики и го нарекол изворот „Животодавен Извор“, зашто таму била објавена чудотворната благодат на Пресветата Подоцна, во негова близина велелепен храм изградил и царот Јустинијан Велики, затоа што по милоста на Богородица нашол исцеление за својата болест во чудотворните води на изворот.

Со времето храмот пострадал во многу земјостреси, па затоа царевите Василиј Македонецот и неговиот син Лав Мудри го обновиле. Во 15 век царскиот град паднал во рацете на муслиманите. Прочуената црква била уништена, а градежниот материјал бил употребен за изградба на џамија на султанот Бајазит. Местото каде што порано стоела црквата затрупано, а околината била претворена во муслимански гробишта.

Турската стража им забранувала на христијаните не само да се собираат на тоа место, туку дури и да пријдат таму. Со текот на времето забраната станала не толку строга и на христијаните им било дозволено да направат малечка црква на тоа место, која неколку пати доживувала трагична судбина.

За времето на владеењето на султанот Махмуд, во 1835 г., е изградена и осветена црквата којa и сега e таму. По молитвите на Пресветата Богородица и преку нејзиното застапништво, од водите на изворот и денес се случуваат многубројни чудеса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот