Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Маркелин, папа Римски

Фото: Светиот свештеномаченик Маркелин

Му беше претходник на престолот на римскиот папа Маркел. Па кога Диоклецијан го повика и му се закани со маки, тој им принесе жртва на идолите, заради што царот богато го даруваше со скапоцена облека. Маркелин горко се покаја и плачеше дење и ноќе за своето одрекување од Христа, како некогаш апостолот Петар. Во тоа време имаше некој епископски собор во Кампанија. Папата се облече во кострет, си ја посипа главата со пепел, па влезе во соборот и го исповеда пред сите својот грев просејќи од нив да му судат. Отците му рекоа тој самиот себеси да си пресуди. Тогаш рече: „Се лишувам себеси од свештеничкиот чин, за којшто не сум достоен и уште: телото по смртта да не ми се погребува, туку да се фрли на кучињата!“ Тоа го рече и изрече клетва врз оној којшто би се дрзнал да го погребе. Потоа отиде кај царот Диоклецијан, му ја фрли онаа скапоцена облека, ја исповеда својата вера во Христа и ги нагрди идолите. Разјарен царот нареди, та го мачеа и потоа го убија надвор од градот заедно со тројцата добри мажи: Клавдиј, Кирин и Антонин. Телата на овие тројца беа веднаш погребани, а телото на папата лежеше триесет и шест дена. Тогаш свети Петар му се јави на новиот папа Маркел и му заповеда да го погребе телото на Маркелин, зашто, му рече: „Оној што се понизува себеси ќе се возвиси“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот