Денеска се прави скара: Пет фантастични маринади за вкусно и сочно месо

Фото: Профимедиа

Со мудар избор на состојките за маринадата, дури и поевтините и пообичните парчиња месо можете да ги претворите во сензација од вкус и мирис.

За да го направите месото од скарата, рерната или тавата вкусно, дадете му доволно време да се одмори во маринадата. Во принцип, маринадите треба да имаат нешто кисело, нешто мрсно и нешто миризливо за месото да биде примамливо, вкусно и меко.

За тоа дали месото да се посоли или не пред печењето на скара мислењата се разликуваат, но повеќето готвачи се согласуваат во тоа дека меленото месо треба добро да се посоли пред печењето, а горните парчиња откако ќе се извадат од скарата. Ако додадете сол во маринадата (освен ако не станува збор за раствор од сол и вода), подобро е да не претерувате.

Медитеранска маринада

Зачинете го месото со сол и бибер и изматете па добро намачкајте го со маслиново масло. Во сад ставете парчиња лимон, па ставете го месото и врз него распоредете лук, млад кромид и ловоров лист. На врвот ставете ги парчињата лимон и ставете извесно време да отстои.

Пикантна маринада

Во блендер измешајте сок од портокал со ѓумбир, бибер, исчистена лута пиперка, лук и маслиновото масло. Прелијте ја маринадата врз месото и оставете да отстои 10 минути.

Ароматична маринада

Во блендер ставете чешниња лук, иглички од рузмарин, суво оригано, сенф и балсамико, па матете додека лукот не се иситни. Потоа постепено додавајте го маслиновото масло и мешајте додека не стане кремасто.  Зачинете со малку сол и бибер. Премачкајте го месото, ставете го во сад којшто можете добро да го затворите и оставете го во фрижидер да отстои.

Азиска маринада

Во поголем сад измешајте 2 лажици неутрално масло и 2 лажици шеќер со 3 лажици сос од соја, 2 лажици масло од сусам, лажичка рендан ѓумбир, 3 чешниња сечкан лук, рендано јаболко. Зачинете со сол и бибер. Додадете го месото и оставете го да отстои најмалку половина час.

Маринада од бибер

Во тавче растопете го путерот. За килограм месо додадете две лажички мелени семки од коријандер, црн и бел бибер, па пржете на среден оган 1 минута. Измешајте една лажица кафеав шеќер и една и пол лажица сол. Намачкајте ја смесата врз месото и префрлете во сад. Покријте со најлонска фолија и ставете да остои.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот